PLANT TISSUE CULTURE AND ANALYITICAL SPECIALISTS

Плант Инженеринг под брендот МАКМИКРОПЛАНТ нуди 3 вида микросалати



 

Микрорастенијата се одличен избор во исхраната за сите возрасни групи. Овие мешани микросалати како извор на витамини, минерали, антиоксиданти и растителни влакна учествуваат во спречување на срцеви, невродегенеративни и канцерогени заболувања, регулирање на телесната тежина, како и во зајакнување на менталното и физичкото здравје.

1. МИКРОПИКАНТ

Состав: брокула, рукола, кинеска ротквица, црн синап и сончоглед

Микросалата со неодолив вкус и пикантна нота, ниска калорична вредност и одличен нутритивен профил за одржување на балансирана телесна тежина и намален ризик од срцеви заболувања. Брокулата, руколата и кинеската ротквица содржат витамини и минерали кои го стимулираат имуниот систем, а црниот синап ја подобрува циркулацијата и ефикасно се користи за превенција од настинка и грип. Растителните влакна од овие здрави микрозеленчуци ја регулираат дигестијата и го намалуваат чувството на глад. Микропикант е комбинација од вкусови за вистинско доживување во Вашата чинија!

2. МИКРОАНТИОКС

Состав: брокула, рукола, зелка, јапонска ротквица, сончоглед и амарант

Микроантиокс е идеален производ за детоксификација на Вашето тело од дејството на штетните слободни радикали кои се создаваат во организмот во услови на стрес. Оваа микросалата содржи и до 40 пати повеќе хранливи материи од вообичаениот зеленчук. Микроантиокс е богата со моќни антиоксиданти есенцијални за одржување на Вашето здравје, функцијата на имуниот систем, нормалниот раст и регенерација. Зелката, брокулата и јапонската ротквица содржат јаглехидрати, есенцијални витамини А, C, К и В2, фолна киселина, висока концентрација на магнезиум, калиум и калциум. Микроантиокс помага во одржување на Вашиот здрав животен стил!

3. МИКРОАРОМАТИК

Состав: брокула, зелка, јапонска ротквица, сончоглед, амарант, босилек и коријандер

Микроароматик е оригинална комбинација од микрозеленчуци и ароматични билки со богата арома и вкус, како и ниска калорична вредност. Микросалата со оптимален избор на дневна консумација од полифеноли, витамини, минерали и антиоксиданти кои учествуваат во превенција од срцеви заболувања преку намалување на нивото на триглициериди и холестерол. Овие антиоксиданти го регулираат нивото на глукоза во крвта и имаат антидијабетичен ефект. Микроароматик е суперхрана за сите кои имаат здрави и активни животни навики!