Во рамките на проектот СТАРТАП ХЕРОИ финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), компанијата Плант Инженеринг Скопје за прв пат го пласира својот иновативен производ МИКРОИМУНОМИКС под бреднот МИКРОПЛАНТ.
МИКРОИМУНОМИКС е мешавина од микрорастенија на сончоглед, ротквица, зелка, брокула, рукола, синап и амарант. Овој производ се користи како додаток во исхраната и содржи 4-40 пати поголема нутритивна вредност во споредба со свежиот зеленчук.
Производот МИКРОИМУНОМИКС е достапен во 10 ТИНЕКС маркети:
ЕАСТ ГАТЕ, ГОДЕЛ, ЛИСА, МАЈЧИН ДОМ, КОНЧАР, ПРВОМАЈСКА, ЦВЕТЕН, ЗЕБРА, ПРАШКА, ХРОМ.